Концерт

15 март, 2019

„Некст тајм“ специјални гости на големиот концерт на Лозано

Браќата Стефан и Мартин Филиповски од дуото „Некст тајм“ ќе бидат специјални гости на претстојниот концерт на Влатко Лозаноски, кој ќе се одржи на 23 март во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, соопштија организаторите од „Авалон“.

На музичарите заедничко им е и тоа што на македонската сцена се појавија речиси истовремено, а уште минатата година ни најавија дуетска верзија на „Ја излези Ѓурѓо“, со која „Некст тајм“ го започнаа новото поглавје во нивната кариера, па се надеваме дека токму на концертот на Лозано ќе имаме можност конечно да ги слушнеме заедно.

View this post on Instagram

10 years friendship !!! @martin_filipovski @vlatkolozanoski

A post shared by Stefan (@stefan_filipovski) on

Од „Авалон“ деновиве соопштија и дека за концертот на Лозано има огромен интерес од неговите љубители од целата земја и порачаа да побрзате и да си набавите влезници навреме. Истите можете да ги најдете во продажната мрежа на „Авалон“ низ Македонија и онлајн на www.avalon.mk по цени што се движат од 500 до 1.000 денари.

Како загревање за славеничкиот концерт, Лозано деновиве ја објави и својата нова песна насловена „Мајко“, која веднаш наиде на одлични реакции кај публиката, а како ќе звучи сето тоа во живо ќе дознаеме токму на 23 март во арената „Борис Трајковски“!



Врати се горе ↑