Македонија NT2

14 март, 2013

„Некст тајм“ со концерт во Софија

Братското рок дуо „Некст тајм“ на голема врата влегува на бугарскиот музички пазар. На покана од една позната продукциска куќа од Бугарија, идната среда, на 20-ти март, Стефан и Мартин заедно со својот бенд ќе одржат концерт во најелитниот рок клуб „Рок ит“ во Софија.

„Концертот ќе биде една спектакуларна увертира за тоа што следи од ’Некст тајм’ во Бугарија. Секојдневно одржуваме тонски проби со членовите од бендот затоа што сакаме да звучиме беспрекорно како големите светски рок групи. Знаеме дека публиката во Софија веќе подолго време нè очекува, па затоа ќе ѝ приредиме шоу за паметење“ – изјавуваат Стефан и Мартин.

После концертот во Софија, „Некст тајм“ ќе се вратат во студио, каде веќе започнаа со работа на новиот материјал кој што ќе се најде на нивниот трет по ред студиски албум. Видео записот за темата „Некст тајм“ беше последното нешто кое што го видовме од момците од вториот албум „На крајот од денот“.



Врати се горе ↑