Аудио NT2

27 август, 2013

„Некст тајм“ се враќаат со „Светот во раце“

После две години пауза од издавањето на албумот „На крајот од денот“, рок дуото „Некст тајм“ се враќа на македонската музичка сцена со нов сингл насловен „Светот во раце“. Нумерата е авторско дело на Мартин и Стефан, кои ја напишаа музиката, емотивниот текст е на Стефан, а аранжманот и продукцијата се на нивниот долгогодишен соработник Лазар Цветкоски.

„Одговорноста за камбек пред нашата публика со вистинска композиција која ќе го има нашиот белег беше голема. Се одлучивме за песна со брз ритам, но и мелодија и текст што ќе допрат до секого, а тоа секогаш е добитна комбинација за хит. Секогаш сум пишувал текстови кои јас лично сум ги почувствувал на своја кожа, па тоа е случај и во овој сингл. Мислам дека преку искрени зборови секој може да ја почувствува песната“ – вели Стефан.

За „Светот во раце“ „Некст тајм“ најавуваат снимање на видео запис со цел преку музика и слика на својата публика да ѝ овозможат комплетно уживање. Изминатиов период тие беа актуелни во соседна Бугарија со свои концерти, а македонската публика ќе може да ужива во нивниот концертен настап во живо во рамките на Пиво Ленд 2013, на 12-ти септември (четврток). Во продолжение слушнете како звучи новиот хит.

 



Врати се горе ↑