Македонија 21151389_10155825503968291_4583013369861239243_n

7 септември, 2017

„Некст тајм“ сакаат да снимат албум со македонски изворни песни

Поминаа речиси три години откако братското дуо Некст тајм ја воодушеви македонската публика со одличната преработка на „Ја излези Ѓурѓо“, а како што вели Стефан Филиповски, тоа е само почеток на новиот проект кој би требало да се реализира наскоро.

17190657_10155217369893291_1033499371613290898_n

„Сакаме да снимиме албум со македонски изворни песни, но во наш автентичен стил. ’Ја излези Ѓурѓо’ е почеток на тој проект, кој е во соработка со Николче Мицевски, а за неколку месеци во план е да ја промовираме и втората песна, за која што и самите кога ја слушаме, предизвикува големи емоции и радоста од тоа како излезе крајниот резултат“, изјави Стефан во неодамнешен разговор со „Македонија денес“.

нт

Најава за оваа соработка имаше уште кон крајот на минатата година, кога беше предвидено да излезе пред новогодишните празници, но изгледа дека момците сакаат сè да звучи (и изгледа) совршено, па сигурни сме дека чекањето се исплатеше. Инаку, дуото следната година ќе го прослави една деценија на македонската сцена, а за нивните досегашни искуства и идни планови прочитајте во разговорот со „Македонија денес.



Врати се горе ↑