23 декември, 2014

„Некст тајм“ промовираа нова песна и видео запис

Вчеравечер во Драмскиот театар во Скопје се одржа промоција на новата песна и видео запис на „Некст тајм“. Интересно е тоа што рокерите овој пат одлучија да преработат една македонска народна песна, а новиот аранжман на темата „Ја излези Ѓурѓо“ го направи човекот кој застана позади „Македонско девојче 2“ на Каролина, Никола Мицевски, а на кавал свири Гоце Димовски од „Синтезис“.

За приказната да биде целосна се погрижија Огнен Шапковски и Мартин Филиповски, кои сето тоа го спакуваа во одличен видео запис прикажувајќи ги природните убавини на нашата земја. Главните улоги ги играат Стефан Филиповски и Власта Ружиновска, а како изгледа и звучи сето тоа можете да видите горе.

Дуото, кое со синглот „Никад никада не умире“ започна да го освојува Балканот и веќе потпиша договор со продукциската куќа на текстописецот Марина Туцаковиќ, по новогодишните празници новиот видео запис ќе го промовира и во Белград.



Врати се горе ↑