Македонија next time

12 септември, 2013

„Некст тајм“ подготвени за Пиволенд 2013

После неколку години изминати од одржувањето на последниот концерт пред скопската публика, вечерва (12-ти септември) рок бендот „Некст тајм“ ќе ги потсети обожавателите на хитовите од своите два албуми во рамките на нивниот настап на една од најголемите музички манифестации во земјава – Пиволенд.

„Без тебе тивко умирам“, „Рамо за плачење“, „На крајот од денот“, „Кога лажеш каде гледаш“, „Рап енд рол“, „Убава“, „Лице од рај“ и новиот сингл „Светот во раце“, се само дел од песните кои ќе се најдат на репертоарот на „Некст тајм“ на главната сцена на скопско Кале.

 

„Имавме неколку тонски проби за Пиволенд и слободно можеме да кажеме дека сме максимално подготвени да „растуриме“ заедно со нашиот бенд. Ова е исклучителна можност да бидеме слушнати како свириме во живо, а тоа е мотив плус за нас, да го оправдаме нашето повеќегодишно постоење на македонската музичка сцена пред домашната публика“ – изјавуваат Стефан и Мартин.

Настапот на „Некст тајм“ во вечерва ќе започне во 20.30, а момците најавуваат речиси два часа забава за паметење, со нивните песни но и со неколку кавер верзии на познати светски рок хитови во нивна изведба. Во меѓувреме уживајте со актуелниот сингл „Светот во раце“.

 



Врати се горе ↑