11 октомври, 2017

„Некст тајм“ направија ремек-дело од „Слушам кај шумат шумите“

Вчера, во Драмскиот театар во Скопје, братското дуо „Некст тајм“ го промовираше видеото за својата нова песна, која е преработка на добро познатата „Слушам кај шумат шумите“. За овој проект браќата соработуваа со композиторот Никола Мицевски, кој го направи аранжманот, а миксот е на Дејан Момировски.

Прекрасното видео, пак, го изработи екипата на продукцијата „Мелем“, под режисерската палка на Огнен Шапковски, а директор на фотографија е Кристијан Теодоров. Главната улога ја има познатата актерка Ана Стојановска, а покрај неа се појавуваат и Бранко Калеников, Борис Јосифовски, Васко Гегоски, самиот режисер Огнен и, секако, браќата Мартин и Стефан Филиповски.

„Со гордост ви го претставуваме нашето најново видео. Веруваме дека Македонија ќе е повторно горда“, напишаа момците споделувајќи го сработеното на социјалните мрежи, а ние можеме слободно да кажеме дека направија антологиско ремек-дело! Тие неодамна открија дека сакаат да снимат и цел албум со македонски изворни песни, па со нетрпение ќе го очекуваме секој нивен подвиг. Браво момци и само напред!

 



Врати се горе ↑