Македонија 309627_1992188288912_1662939469_n

7 декември, 2012

Некст Тајм ќе снимат валкан и секси спот!

Валкани и секси девојки од соседството ќе ги покажат своите секс-перформанси во скутовите на близнаците од Некст Тајм – вака некако ќе изгледа сценариото за видеозаписот на темата насловена „Некст тајм“, а кој треба да се снима оваа сабота во соработка со тимот на Томато продукција, пишува Вечер. За прв пат во кариерата браќата ќе снимаат спот кој е планирано да изобилува со еротски сцени со увозни девојки, односно дојдени од соседството.

„Планираме да направиме нешто поразлично, морам да признаам видеото ќе биде валкано и секси. Девојка ми ми дозволи да снимам еротски сцени, а брат ми е слободен и не мора да поднесува извештај никому, затоа сигурно ќе биде ни биде забавно“ –  се пошегувал Стефан и додаде дека спотот ќе биде валкан и нешто што досега не сме го виделе од нив.

Видеото се планира да се снима на повеќе локации низ Скопје, а треба да биде готово до крајот на декември, бидејќи момците го навија како новогодишен подарок за сите нивни фанови.



Врати се горе ↑