Македонија nexttime

26 ноември, 2012

Некст Тајм ќе им отстапат место на помладите изведувачи

На 22-ри ноември во Универзалната Сала  по 5ти пат на Македонија и се случи изборот за радиски хит на годината МАРС 2012. Освен што радијата ширум земјава имаа право да бираат најслушан хит за ова година, и публиката ја и имаше таа привилегија да гласа и избира еден од 15-те радиски хитови. Jубилејно 5ти пат по ред првата награда од публиката отиде во рацете на Некст Тајм за песната „Лице од рај“.

За нив награда од публиката знажи многу и им дава уште поголем поттик за работа. „Сè што правиме, го правиме за вас. Оваа награда многу ни значи. Убаво е што сè уште ја слушате и поддржувате македонската музика. Ви благодариме од срце“ – изјавија близнаците од дуото Некст Тајм.

Довербата од фановите ја имаат, нивните планови за во иднина се големи проекти кои ветуваат. Како што ни кажаа ова можеби е последен пат да настапат на радискиот фестивал. Местото ќе го отстапат на помладите музички имиња. „Убаво е кога гледате дека сè што правите вредело, најважно е публиката да ве сака и да ги пее вашите песни, уште еднаш се докажа дека Некст Тајм се што сработија успеа да допре до срцата на нашите фанови.“

Во меѓувреме подготвуваат нова песна која треба да се најде на нивниот трет албум. Во најава е и најнов видео запис за песната „Некст Тајм“ кој се очекува да биде поразличен од сите останати, ќе изненадат со нешто ново и доста провокативно.



Врати се горе ↑