Македонија next time 1

10 декември, 2012

Некст Тајм ќе го промовираат новиот спот пред празниците

Две заводливи девојки кои се борат во кал, моторџии кои се обложуваат на една од нив и бенд во кој како тапанар се појавува Марко Тротоар е дел од сценариото кое Томато Продукција го изработи викендов за новиот видео запис на Некст Тајм за истоимената нумера.

„Беше навистина жешко да се свири и да се гледаат две секси девојки како се борат во кал. Сценариото за овој спот е сосема поразлично од она што сме го работеле до сега и сигурни сме дека видеото ќе има рекордна гледаност. Мораме да им се заблагодариме и на моторџиите од клубот Мечки од Велес кои одлично ја одиграа својата улога“ – изјавуваат Мартин и Стефан.

„Некст тајм“ се наоѓа на вториот албум на братското дуо и е авторско дело на Лазар Цветкоски. За аранжманот се погрижија Лазар и Мартин, а Стефан и Магдалена Цветкоска Ена го напишаа одличниот текст.  Видео записот ќе биде промовиран пред Новогодишните Празници, после кои ќе излезе и новиот сингл на Некст Тајм. Во продолжение погледнете ги фотографиите од снимањето.



Врати се горе ↑