Македонија 10268610_10152472381033291_1358949400215996769_n

23 јуни, 2014

„Некст тајм“ ќе го освојува Балканот

Братското дуо составено од Стефан и Мартин Филиповски „Некст тајм“ ќе го освојува и балканскиот музички пазар, пренесува Либертас. Имено, според нивните најави, момците подготвуваат мега хит позади кој ќе застане веќе проверениот тандем Марина Туцаковиќ и Дамир Хајдановиќ. Контактот со нив го направил нашиот познат шоумен Боки 13 Јовановски, кој не сакал да даде повеќе детали околу музичките планови на дуото, кое деновиве претстојува во Белград.

Последниот сингл кој браќата Филиповски го претставија пред македонската публика беше минатогодишниот хит  Светот во раце“чиј автор на текстот е Стефан Филиповски, а за музиката и аранжманот беше задолжен нивниот пријател и соработник Лазар Цветкоски. Додека го очекуваме новото музичко парче, уживајте со „Светот во раце“.

Фотографија: Idea Lab Photography



Врати се горе ↑