Промоции 22312048_10215081032438850_1255826408_o-650x310

6 октомври, 2017

„Некст тајм“ ја закажа промоцијата на новата песна

На 10 октомври (вторник), со почеток во 20 часот во Драмскиот театар во Скопје, момците од „Некст тајм“ по пауза од две години пред јавноста ќе го претстават својот најнов музички проект од кој никој нема да остане рамнодушен.

Станува збор за преработка на старата и многу позната македонска песна, „Слушам кај шумат шумите“. Исто така, Стефан и Мартин за нивното ново дело имаат подготвено и видео, во кое покрај нив се појавува една од нашите најубави актерки.

„Не би сакале многу да откриваме, но убедени сме дека публиката ќе биде воодушевена, бидејќи ова е нешто на кое што макотрпно работевме овие две години и ве уверуваме дека ќе звучи и ќе изгледа подобро од нашата ’Ѓурѓа’“, велат браќата.

Спотот премиерно ќе биде објавен точно во среда во 20 часот на нивната официјална страница на Фејсбук.



Врати се горе ↑