Македонија 485414_10151688709988291_1290183062_n

26 јули, 2013

„Некст тајм“ имаат нова официјална веб страна

Братското дуо „Некст тајм деновиве ја лансираа нивната официјална веб страна на која можете да ги видите нивните настапи, видео записи, фото галерии, како и нивната електронска продавница преку која можат да се набават маици и блузони, кои како што велат самите Стефан и Мартин, се надеваат дека нивниот бренд ќе стои уште поубаво на сите вас.

Момците заедно со продуцентот Лазар Цветкоски неодамна го завршија снимањето на нивната нова песна и ни порачуваат да очекуваме уште еден голем хит. Посетете ја нивната веб страна nexttimeband.mk, а додека го очекуваме новиот хит, да се потсетиме на нивниот последен видео запис за темата „Next Time“.

 



Врати се горе ↑