Видео

19 декември, 2017

„Некст тајм“ го претстави документарецот за „Слушам кај шумат шумите“

После повеќе од две години од објавувањето на Ја излези Ѓурѓо“, „Некст тајм“ во октомври годинава конечно го промовираше својот нов музички проект за преработката на познатата „Слушам кај шумат шумите“, а целокупниот производ наиде на повеќе од одлични реакции кај публиката. Но, за сето тоа да звучи и изгледа така, момците и екипата работеле речиси година и половина.

скшш

Како дојдоа до идејата да ја снимат токму оваа песна, како се одвиваше снимањето и целиот процес на подготовка воопшто, токму тоа браќата го откриваат во неодамна објавениот документарен филм, кој нуди поглед зад сцената на овој историски проект. Освен Мартин и Стефан, во документарецот зборува и композиторот Николче Мицевски, кој го направи новиот аранжман, како и режисерот Огнен Шапковски, кој се погрижи за филмската екранизација, а што имаат да кажат за своите искуства дознајте во продолжение.

 

Дуото веќе изрази желба да сними и цел албум со изворни македонски песни, а имајќи предвид дека голем број светски ѕвезди во последно време се одлучуваат за визуелни албуми (Бијонсе, Ферги, Џеј Зи), сигурни сме дека еден ваков проект ќе ги наполни кино-салите во Македонија, но и пошироко, а ќе остане во наследство за идните генерации. Се надеваме дека оваа идеја ќе ја земат предвид и кога-тогаш ќе нè израдуваат со цел филм, а ние ќе бидеме трпеливи бидејќи знаеме дека чекањето ќе се исплати.

И.Ј.



Врати се горе ↑