Свет gangnam-style

22 декември, 2012

Неколку интересни преработки на „Гангнам Стајл“

Како и секој голем хит кој е популарен ширум светот, така и официјално најгледаниот видео запис на ЈуТјуб, сензацијата „Гангнам Стајл“ од корејската ѕвезда Псај си доби бројни преработки. Со оглед на тоа што секој што не го познава тој јазик има тешкотии да го препее правилно, некои тоа го направија со англиската верзија на текстот, други го препеаја во акустична верзија, а трети ги претставија своите инструментални верзии отсвирени на пијано, виолина, гитара, дури и хармоника, како и верзија за оркестар. Погледнете неколку интересни снимки од преработките на овој мегахит.

 

 

 

 

 

 

Последниот клип е особено интересен затоа што, по само два пати слушање, едно слепо момче извонредно ќе ја отсвири оваа песна на пијано.



Врати се горе ↑