Видео

11 август, 2018

„Некој друг“ е новата песна на „Фикшн“

По минатогодишната прва авторска песна „После дождот, скопскиот бенд „Фикшн“ (Fiction), деновиве го претстави својот нов сингл насловен „Некој друг“.

Автор на музиката и текстот е гитаристот на ова трио, Виктор Захариев, а аранжманот му е заеднички со колегите Петар Ѓуревски (вокал) и Филип Андонов (гитара), додека аудиопродукцијата е на Љупчо Павловски (студио Анастасија). Сето тоа го дополнија гостите Симеон Ангеловски на бас-гитара и Дарко Цакиќ на тапани, а го визуализираше Калин Бибан со моделот Елена Ристовска.

Токму со оваа песна момците настапија и на годинашниот „Рок-фест“ во МКЦ, каде што Виктор Захариев ја освои наградата за најдобар гитарист на фестивалот. Како звучи и изгледа сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!

Другарки и другари, со огромно задоволство ви ја претставуваме нашата нова песна "Некој Друг" на која работевме…

Gepostet von Fiction am Mittwoch, 8. August 2018

 

 



Врати се горе ↑