Македонија tose

25 ноември, 2012

Неизвесно одржувањето на концертот за Тоше

Како што пренесува Вест, сè уште не се знае дали следната година ќе се одржи традиционалниот, меморијален концерт кој на 25-ти јануари се одржува во чест на мегаѕвездата Тоше Проески. „Сè уште не сме се договориле со Министерството за култура дали концерт ќе има и немам никакви детали” – изјавил  Славен Ристески, зетот на Тоше, во име на Фондацијата „Тоше Проески“.

План на Фондацијата е да издаде албум со неколку нови песни од повеќе студија низ Европа кои Тоше ги снимил. Ако албумот биде издаден, би требало да се промовира следната година. Првата песна која Фондацијата „Тоше Проески“ ќе ја подари на неговите фанови е на српски јазик и ќе се промовира на 25-ту јануари, на денот кога Тоше требаше да наполни 32 години. Три песни кои би требало да се најдат на албумот се на англсики јазик, аранжирани од Енди Рајт, англискиот продуцент на мегазѕвездата. За нив е веќе направена орекстрација во студиото на Петра Црнетиќ во Загреб.

„Енди ме повика кај него во Лондон, каде што пронајдовме две песни снимени од Тоше, а една најдовме во неговиот студиски компјутер. Уште две песни се снимени во Шведска и една во Ирска, што ја комплетира листата од шест песни на која е можно да се додадат уште две нови“- додал Ристески.

Извор: Вест



Врати се горе ↑