Настани 11118813_653907084753193_1128792588738623245_n

13 мај, 2015

Недела на македонскиот џез во бистро „Бруклински“

Во период од 14 до 17 мај, 2015 година во бистро „Бруклински“ ќе се одржи Неделата на македонски џез. На овој единствен од ваков вид музички настан, ќе настапат реномираните македонски џез музичари како што се Тони Китановски Jazz трио, Next to Silence, Onija Bluzerine, Fierce Contemprorary Jazz, Марија Jazz Quartet, Gypsy Jazz Caravania.

Дневните сесии започнуваат во 17.00 часот попладне, а вечерните во 21.30 часот, освен на 17 мај (недела) кога дневната сесија започнува во 14.00 часот. За сите оние што сакаат да уживаат во македонската џез музика и во уникатноста на самиот настан, влезот е слободен, а прогамата погледнете ја во продолжение.



Врати се горе ↑