Настани OLYMPUS DIGITAL CAMERA

31 март, 2015

„Недела на книга“ во Битола од 2 до 5 април

Со будењето на пролетта, клубот „Матица“ ги буди сите свои читатели со одлична информација, „Недела на книга“,  од 2 до 5 април во Центарот за култура во Битола. Според анкетата спроведена во својот клуб на читатели, се дојде до сознанија и резултати кои покажаа дека овој саем на книга во Битола е повеќе од посакуван. Сите битолчани ќе можат да најдат безброј наслови и да уживаат во страниците полни љубов и мудрост.

За време на неделата на книгата ќе се случуваат интересни промоции и настани кои уште толку ќе ја воздигнат вредноста на пишаниот збор. „Да за книга“ е саемот за книга кој од 2 до 5 април ќе биде центар на случувањата во Битола и регионот. Од четврток до сабота, саемот за книга ќе биде отворен од 10 часот до 22 часот, а недела од 10 до 15 часот. Центарот за култура во Битола е отворен за сите љубители во книгите, кои ќе си ги збогатат своите полици со најновите и најбараните наслови од клубот „Матица“.



Врати се горе ↑