Балкан

28 декември, 2017

Небојша Антонијевиќ Антон има нов бенд – „Хеви хипи бејби“

„Музиката на Антон е чист рок. Тврд, препечен, вибрантен. Елегантна како исполирана железна шина по која јури таинствениот воз од песната на Елвис. Нема излишни нешта. Електрична струја, метални жици и зборови ’со длето од крв врежани’. Челичен сјај и нервозен ритам“, вака критичарот Жикица Симиќ ја опишува новата креативна енергија на Небојша Антонијевиќ Антон и ол-стар бендот што го собра под името „Хеви хипи бејби“, а кој го сочинуваат Роберт Телчер, Душан Шеварлиќ Шева и Дарко Курјак.

Срцето е чисто, рацете се вешти, гласот е јасен. Во таа ситуација непорекливата беспрекорност на албумот ’Речено, учињено или не, од тога све зависи’ е логична и потполно природна последица“, Александар Жикиќ, музички критичар

Антон и „Хеви хипи бејби“, во присуство на голем број новинари и пријатели од музичката сцена, во средата (27 декември) во белградски „Електропионир“ го промовираа видеото за песната „Сувишни“ од штотуку објавениот албум „Речено, учињено или не, од тога све зависи!“. Откако го претставија видеото, за чија режија е заслужен Миодраг Цицовиќ, Антон и „Хеви хипи бејби“ изведоа неколку песни од ова долгоочекувано издание, објавено под етикетата на издавачката куќа „Одличан хрчак“.

Антон и „Хеви хипи бејби“ можете да ги следите на Фејсбук, Инстаграм и Дизер.



Врати се горе ↑