Македонија 20121005-tose-proeski4

18 ноември, 2012

Не три, туку шест нови песни од Тоше

Како што пренесува српски Блиц, наместо три, шест нови до сега необјавени песни од нашиот легендарен пејач Тоше Проески ќе бидат објавени, а една од нив која е на спрски јазик ќе се слушнеме на 25ти јануари, денот на раѓање на нашата легенда. Имено, од неколкуте студија ширум Европа каде што снимал Проески, продуцентите собрале шест песни кои ќе ги објават следната година како посебен албум.

Зад овој проект стојат зетот на Тоше Проески, Славен Ристески и британскиот продуцент Енди Рајт. Било потребно време да се собери материјалот, но минатата недела биле завршени трите нови песни во студиото на Никша Братош во Загреб.

„Од трите песни за коишто ги снимавме деловите за оркестар минатат недела во Загреб, две беа кај Енди Рајт во Лондон, а една во студискиот компјутер на Тоше, која дополнително му ја пратив да ја доврши заедно со другите две. Откако во живо беа снимени инструментите на матрицата од Тоше во студиото на Едни, се договоривме тој со материјалот да дојде во Загреб и тука да се одработат деловите за оркестар“ – изјавил Ристевски за Блиц.

Тој додаде и дека иако во медиумите беше најавено дека публиката на Тоше ќе може да чуе три песни, сепак станува збор за само една песна снимена на спрски јазик. „Неколкумина што ја чувме демо верзијата на оваа песна, бевме воодушевени и веруваме дека публиката веднаш ќе ја прифати. Следната година планираме да објавиме албум од Тоше на кој, покрај овие три песни, ќе се најдат уште две кои му останаа во Шведска и една во Ирска“ – додал Ристески.

Овој албум ќе биде објавен во земјите од целиот регион, од страна на издавачи со кои Тоше соработуваше во текот на неговата кариера.

Ристески исто така изјавил дека се чести ситуациите во кои нешто не потсетува на нашиот Тоше и болката е преголема, но претставува и големо задоволство да се работи на неговите песни бидејќи тој живее преку нив.

НОВИ ПЕСНИ

Во текот на животот, Тоше многу патувал и снимал во студиото на Енди Рајт во Велика Британија, во Лондон. Шест песни кои ќе се најдат на новиот албум се пронајдени во четири различни земји:

  • 2 песни – од студиото во Лондон
  • 2 песни – од Шведска
  • 1 песна – од Ирска
  • 1 – најдена во студискиот компјутер на Тоше Проески


Врати се горе ↑