Аудио

11 април, 2016

„Не ти давам“ е новата песна на Валери од „На иста адреса“

Една од учесничките на првото македонско музичко шоу „На иста адреса“, кое за жал не успеа да ја заврши својата прва сезона, велешанката Валери Димовска деновиве ја објави својата нова песна насловена „Не ти давам“. Автор на стиховите на оваа прекрасна балада е Елена Ристеска, музиката и продукцијата се дело на Дарко Димитров, кој заедно со момците од „Сирилик“ го направи и аранжманот, а мастерингот е на Раде Врчаковски.

Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑