Аудио 1453216_963931990366928_2131461915056931867_n

17 март, 2016

„Не оди си“ е новата песна на Игор Митровиќ

Професионалното темпо од музичката кариера на Игор Митровиќ постојано засилува. Дека музиката не му е само хоби, туку голема љубов што посветено ја негува, покажува константното реализирање на нови квалитетни песни и спотови, а стандардно е присутен и на домашните фестивали за забавна мелодија.

Кон крајот на 2015 година, Митровиќ ја промовираше нумерата „Сам“, која доби и видео приказна, а истата наиде и на одлични реакции кај публиката и медиумите.

Веќе извесен период Игор соработува со композиторот Александар Масевски, кој се потпишува како комплетен автор и продуцент и на најновата песна насловена „Не оди си“. Станува збор за енергична балада со модерен ритам, препознатлив по музичкиот сензибилитет на Игор, а покрај одличната музика со урбан звук, веруваме дека и текстот ќе го потпевнувате уште на прво слушање.

За краток период ќе започне и снимањето на видео записот за новата песна на Игор, „Не оди си“, кој ќе го изработува Милчо Узунов од „3Д продукција“, со кој Игор ги направи последните два спота за песните Сега и тука и „Сам“. Додека ја очекуваме екранизацијата за новата песна, како звучи „Не оди си“ можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑