23 јуни, 2016

„Не лажи ме“ е новата летна песна на „Силви бенд“

Семејното поп дуо „Силви бенд“ има дури две нови песни, како дел од субвинциите на Министерството за култура  на домашната естрада во вториот квартал  од годината. „Не лажи ме“ е првата од нив, за која музиката и текстот ги напиша Силвана Мучиќ – Плевнеш, а аранжманот е на Влатко Плевнеш. Песната е во брз поп-рок ритам и претендира да биде вистинско летно освежување во македонскиот радио етер, како топла препорака на радиостаниците ширум Македонија!

Видеото за истата се снимаше во некогашната „Универзална сала“, сега КЦ „Александар Македонски“ во Скопје, а зад него стои  продукцијата „СилВла“. Како звучи и изгледа новиот летен хит на познатото дуо можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑