Македонија writing-a-song-with-piano-loops

1 февруари, 2016

„Не кани ме“, „Тајно моја“, „Во бестрага“… Кои се приказните зад македонските евергрини?

Во македонската музичка ризница вткаени се илјадници песни и рефрени, но само еден дел од нив успеваат да одолеат на „забот на времето“, се здобиваат со статус на евергрин и се пеат со генерации. Вистински приказни, случајни средби, филмски сцени и што уште не послужило како инспирација за да се создаде една песна, чиј процес понекогаш трае и по дваесетина години. Токму тоа го откриваат дел од нашите автори кои се потпишале на дела како што се „Не кани ме“, „Тајно моја“, „Во бестрага“, „Црно тиквешко“

Евергринот „Не кани ме“, отпеан од Миле Кузмановски, е инспириран од вистинска приказна, на мелодијата на „Тајно моја“ од композиторот Кире Костов, Тоше првично ќе пеел за своето куче што го пречекува секој пат кога си доаѓал во Крушево, Пере ја напишал „Во бестрага“ кога имал само 19 години, а стиховите од „Црно тиквешко“ оригинално биле наменети за мелодиската линија на „Кучка неверна“.

Какви сè приказни стојат зад овие евергрини дознајте од прилогот на „Дневник“.

 

 

 



Врати се горе ↑