Свет ne_yo-20121010-142504

1 ноември, 2012

Не-Јо има нов албум

„Realising Every Dream“ или накратко „R.E.D.“ е најсловот на петтиот студиски албум на американскиот пејач Не-Јо, кој ќе биде објавен на 6ти ноември. Насловот на самиот албум беше инспириран од неговите лични искуства, за којшто тој изјави дека кога видел каде се наоѓа денес, сфатил дека го реализирал секој негов сон од првиот ден кога решил да се занимава со музика.

За подготовките на овој албум Не-Јо повторно почна да соработува со долгогодишните соработници како што се СтарГејт, како и британскиот продуцент Хармони, Ноу АјДи и Дејвид Банер. Пред да започнат, тој се изјаснил дека сака овој албум да биде комбинација на блуз и соул, а текстовите да бидат со големо значење.

На регуларното издание од албумот ќе се најдат 13 нумери, а на луксузното уште 4 нови. Првиот најавен сингл беше објавен на 14ти мај, а тоа беше нумерата „Lazy Love“, потоа следуваше „Let Me Love You (Until You Learn To Love Yourself)“, а веднаш зад него и третиот „Don’t Make ‘Em Like You“ во соработка со Виз Калифа.

Покрај овие три синглови, на албумот ќе има и соработки со Тим Мекгроу, а на лукзусното издание ќе се најде и соработката со Фебјулс и Диди, како и со Калвин Херис. Во продолжение погледнете го видео записот за „Let Me Love You (Until You Learn To Love Yourself)“.

 



Врати се горе ↑