Аудио

11 декември, 2018

„Наздрави за љубов, наздрави за среќа“ со Јордан Митев

Фолк-музичарот Јордан Митев деновиве ја претстави својата нова песна насловена „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“, која одлично ќе се вклопи во претстојниот празничен период. Освен што ја изведува, Митев се потпишува и како комплетен автор на песната, што воедно е и најава за неговиот нов албум, на кој музичарот интензивно работи изминатиов период.

„’Наздрави за љубов, наздрави за среќа’ е песна во која многу верувам. Со новата песна сакав да упатам една позитивна мисла и со истата да влеземе во новата 2019 година. И покрај сè што ни се случува на секој од нас во животот, треба секогаш да му се радуваме и секој ден што го живееме убаво“, вели Јордан.

Потенцијалниот фолк-хит стигна заедно со текстуално видео, а се надеваме дека сето тоа ќе биде заокружено и со пригодна екранизација. Дотогаш, да наздравиме за љубов, да наздравиме за среќа со Јордан Митев!



Врати се горе ↑