Концерт 17350941_10155138164764264_1286701464_n

19 март, 2017

Наум Петрески со голем концерт ќе прослави 30 години кариера

По повод 30-годишната кариера на македонската и балканска естрада на нашата македонската музичка гордост – легендарниот Наум Петрески, продуцентската куќа „Аворд промоушн“ организира јубилеен концерт на 22 април во арената „Метрополис“.

Настанот нема да биде само обичен концерт, туку несекојдневно мега шоу на кое, освен промоцијата на новите хитовски рефрени од албумот на Петрески, „Грло ненапеано“, ќе бидат отпеани и многу познати легендарни македонски мегахитови, а ќе има многу забава и интересни содржини. Во исто време и на славеникот ќе му оддадат признание и многу пријатели од естрадата, пејачи, актери…

Во оваа пригода се одржува само еден ексклузивен концерт, поточно незаборавен музичко-сценски хепенинг со живата легенда и еден од најквалитетните пејачи на Балканот, Наум Петрески, човекот со глас кој никого не оставил рамнодушен.

Извор и фотографија: text.mk



Врати се горе ↑