23 декември, 2015

Наум и Јоце „Трошат од срце“!

На мала коктел забава во скопското кафуле „Ало ало“ во друштво на колегите, соработниците, најблиските и медиумите, фолк-пејачот Наум Петрески и поп-пејачот Јоце Панов ја промовираа заедничката песна „Потроши“, чија премиера со видео спот се случи вчера.

„После дуетот со сопругата на Наум, Зуица Лазова почнав да размислувам за нов дует, а поради тоа што Наум за мене е број еден машки вокал од народната сцена, мислам дека направив одличен спој. Измешавме помеѓу неговото народно и моето забавно со цел да направиме музика што регионот  ја има, но не толку и ние. Ризикот го преземавме, но сметаме дека ќе се исплати бидејќи моментално тој стил  е најактуелен за публиката“, изјави Јоце Панов.

„Со Јоце направивме спој на две генерации и мислам дека тоа рефлектира со едно поинакво светло на естрадата. Иако сега ја промовираме и песната и спотот, сметам дека не е рано да ги споделиме и нашите прогнози дека песната ќе биде хит. Јоце освен како колега ми е многу добар пријател и за него можам да кажам дека е голем професионалец што многу го почитувам“, додаде Наум.

Меѓу повеќето подржувачи од колегите кои дојдоа да го видат спотот и да ја слушнат песната беа: Елена Велевска, Мишко Крстевски, композиторот Никола Мицевски, пејачот Кирил Митовски, Анастасија Петреска и други. Водителска помош имаа од Ирена Спировска, а пред да го промовира спотот Јоце им се заблагодари на присутните за поддршката и кажа дека денес е најсреќниот човек, поради тоа што му се исполнила желбата да испее дует  со, според него, еден од најквалитетните машки вокали.

Музиката и тексот на „Потроши“ се на Блаже Темелков, аранжманот на Дарко Тасев, а е снимена во студиото на Љупчо Павловски. Спотот е во реализација на Дарио Јанковиќ, а во приказната која целослно го доловува тексот на песната, доминираат атрактивни, разголени девојки покрај кои уживаат  Јоце и Наум.



Врати се горе ↑