Аудио Miki Sekulovski

6 декември, 2014

„Научи да сакаш“ е новата песна на Мики Секуловски

Мики Секуловски деновиве на „Јутјуб“ каналот на „Скај ај ентертејнмент“ ја промовираше својата седма официјална нумера „Научи да сакаш“. Видеото е во форма на пишан текст, а песната сигурно ќе биде хит оваа зима.

Искрено, песната ја чувавме во фиока повеќе од 8 месеци, така што со продукцијата решивме дека декември е вистински месец да ја издадеме на музичкиот пазар. Токму оваа песна ми е особено драга и ја чувствувам многу лично затоа што сум ко-автор на музиката и текстот. Сигурен сум дека синглот ќе ѝ се допадне на публиката“, изјави Мики.

Музиката и аранжманот за песната се на Зоран Алексиќ, додека текстот го напишаа заеднички со Мики Секуловски, a во продукција на „Скај ај ентертејмент“.

„Оваа песна е една од оние коишто всушност се разликуваат од останатата македонска музичка продукција. Со тоа што во нумерата е искористен семпл од Арета Френклин и нејзината ’I Never Loved A Man’, песната добива блуз нота, но сепак го задржав модерниот ритам и звук“, додава Зоран Алексиќ.

Последниот сингл на Мики, Друга не допира“, беше промовиран во септември со видео запис. Секуловски во моментов е ангажиран на неговиот албум и со своите настапи во клубовите низ државата, а со новиот сингл „Научи да сакаш“ можете да уживате во продолжение.

 



Врати се горе ↑