Настани 10475418_386299091550680_5290900029170841420_o

26 февруари, 2015

Натпреварувачи од цела Македонија на „Поетри слем 2015“ во Тетово

На 28 февруари, сабота, во кафе-барот „Ода“, при Културниот дом во Тетово ќе се одржи слем натпревар на кој учество ќе земат 21 натпреварувач од повеќе градови од Македонија: Тетово, Скопје, Прилеп, Битола, Берово и Радовиш. Слемот во Тетово ја отвора сезоната слем настани низ Македонија за оваа година и воедно ќе биде првиот слем настан во овој град по почетоците на слемот во Македонија од 2011 година. Инаку, Тетово е првиот град во Македонија каде за прв пат се случи слем настан.

Од 2014 година слем настаните земаат замав низ градовите во Македонија, па така, лани се одржаа три слем настани во Битола, Прилеп и Скопје. Постојаниот слем тим од Македонија го сочинуваат организаторите Игор Трпчески и Елена Пренџова и Горан Јованов, одговорниот за графичкиот дизјан, а Перо Сарџоски е постојан соработник во организацијата на слем настаните во Тетово.

Список на учесници:

1.    Александра Атанасова
2.    Андријана Коровешовска
3.    Аница Блажевска
4.    Arbër Xheladini
5.    Воислав Пехчевски
6.    Елена Пренџова
7.    Игор Трпче
8.    Исток Улчар
9.    Jona Neziri
10.    Kaltrina Tefiku
11.    Liridona Kuçi
12.    Милка Миндова
13.    Наде Поп-Гаврилова
14.    Naim Ilazi – Pari
15.    Перо Сарџоски
16.    Ристе Иракоски
17.    Rita Behadini
18.    Rrita Syla
19.    Симона Нечковска
20.    Снежана Стојчевска
21.    Цвета Колева

Повеќе информации за слем настаните можете да дознаете на фан страницата на „Поетри слем Македонија“ на Фејсбук.



Врати се горе ↑