За Вас foto_1

17 декември, 2016

Натпревар за деца за најдобра изведба на монолог

Филмското училиште „Тинтири минтири“ и продукцијата „Аурипигмент“ од Скопје организираат натпревар за најдобра изведба на монолог со времетраење од 1 минута, а во изведба на деца до 18 години. Натпреварот ќе се одржи на 24 декември 2016 година (сабота), во Македонска телевизија (во студио на 7. кат), а ќе започне во 11.00 часот.

Право на учество имаат сите деца до 18 годишна возраст. За учество потребна е потпишана дозвола од родител / старател.

Според правилата на натпреварот, секој натпреварувач треба да изведе монолог со времетраење од околу 1 минута, според сопствен избор на текст, извадок од одредено дело или оригинално напишан.

Натпреварувачите ќе бидат оценувани од страна на тричлено стручно жири во состав Горан Трифуновски, актер, Александра Павлова, актерка и Кузман Кузмановски, режисер. Исто така ќе може да се гласа и за видео материјалите кои вирално ќе се споделуваат.

Тројца финалисти ќе бидат наградени.

Сите заинтересирани можат да го пријават учеството најдоцна до 22 декември, на мејлот kc.tintirimintiri@gmail.com. За пријавување треба да се остават следните податоци: име и презиме на дете, возраст на дете, име и презиме на родител, активна мејл адреса и контакт телефон.

tintiri-mintiri-logo-hires

Монолог – говор од подолго траење што еден лик му го упатува на друг, како форма на драма. Монологот го изведува лик што директно ѝ се обраќа на публиката или ги искажува своите мисли гласно додека е сам или додека другите актери се тивки.

Филмското училиште „Тинтири минтири“ обучува деца и млади од 6 до 18 години во сферата на аудио-визуелните уметности. Примарна активност на „Тинтири минтири“ е едукација во сферата на филмска и тв глума, филмско и тв сценарио, филмска и тв режија, креативно пишување, анимација, водители, радио драма, градење однос кон камера и јавен настап. 

Филмското училиште „Тинтири минтири“ е поддржано од Агенција за филм на Република Македонија.

Повеќе информации за уписите и за активностите на филмското училиште „Тинтири минтири“ можете да добиете на контакт телефонот 078 30 21 61 или на електронската адреса  kc.tintirimintiri@gmail.com и веб-страната tintirimintiri.mk.



Врати се горе ↑