Македонија 16388193_10155101826304446_214549207608184135_n

26 февруари, 2017

Наташа Малинкова со жешка фотосесија ја најавува „Хеј мама“

После минатогодишниот сингл „Само мој“, Наташа Малинкова наскоро ќе ја објави својата нова песна насловена „Хеј мама“, која деновиве ја најави со серија фотографии, зад кои стои режисерот и фотограф Дарио Јанковиќ, како и веќе докажаните модни дизајнери, Викторија Арсовска и Андреј Папаз Ѓоргиевски.

16406529_10155098318439446_3672137873780442298_n

 

„Песната е веќе подолго време готова, меѓутоа чекавме да се реши проблемот со забраната на емитување македонска музика. Станува збор за песна за која сум сигурна дека многу ќе ѝ се допадне на публиката. Нешто ново, брзо и поразлично од она што досега сум работела“, вели Малинкова.

16865231_10155175303919446_8425284323782327493_n

Инаку за новата песна веќе се започнати и подготовките за видео записот, кој треба за брзо да почне да се снима.



Врати се горе ↑