19 јуни, 2015

Наташа Малинкова со нов летен хит: „Едно си ти, друго сум јас“

Таа зрачи со позитивна енерија, има впечатлив силен вокал и долгогодишна музичка кариера на македонското естрадно небо. Раѓањетото на втората ќерка и посветеноста кон неа ги стави за приоритет, додека со музиката реши да паузира две години. Сега, иако незаситена од чувството по вторпат да биде мама, нашата позната пејачка Наташа Малинкова најавува големо враќање на сцената,  поразлична, позрела и пред сè полна со ентузијазам и самодоверба. Новиот почеток го имаше на неодамна одржаниот фестивал „Макфест“ каде настапи со песната „Каде и да си“, дело на нејзиниот долгогодишен соработник Столе Аврамов.

„Изминатиот период паузирав од натапите, но на задоволството да бидам мајка по вторпат. Сепак, тоа време беше и одличен момент за инспирација кој сега излегува на виделина. Задоволна сум од неодамнешниот настап на ’Макфест’, кој е неизоставен дел од мојата кариера како фестивал, но не застануваме тука и веднаш промовирме ново. ’Едно си ти, друго сум јас“ е песна субвенционирана од Министерство за култура и верувам дека брзо ќе стане препознатлив летен хит токму поради темпераментот и летната позитива во неа“, вели Наташа.

Дека максимално ѝ се дава на музиката потврдува тоа што веднаш по фестивалот промовира уште еден нов сингл „Едно си ти, друго сум јас“, за кој снимаше и спот. Авторскиот дел повторно го потпишува истиот композитор, додека видеото е реализирано во преубавиот Охрид  од продукцијата „Скај ај ентертејнмент“. Во врска со многуте новитети кои ги има зацртано во својата агенда, Наташа највува работа, само работа и многу изненадувања за публиката.

Малинкова не го забавува темпото и летово ќе го мине во работна студиска атмосфера каде веќе се подготвуваат уште нови композиции со нејзиниот проверено успешен тим на соработници. Покрај творењето, секако нема да изостанат ниту континураните настапи низ земјата.



Врати се горе ↑