Аудио

20 јули, 2016

Наташа Малинкова се враќа со нов сингл и нов стил

По подолга пауза, поп-пејачката Наташа Малинкова се враќа на македонската естрада со сосема нешто ново и некарактеристично за неа. Новата нумера се вика „Само мој“ и станува за урбана поп-тема, на која како автор на музиката се потпишува Зоран Алексиќ, текстот е на Столе Аврамов, а пак, аранжманот е заедничко дело на Столе и Зоран.

13669781_10154428412714446_8961826596375736762_n

„Сакам да експериментирам со стилови и оваа тема е нешто многу поразлично од мене. Поради постојаните настапи по дискотеките, сфатив дека публиката бара поенергичен и помодерен звук, а токму тоа го имаме во оваа тема. Денеска песната премиерно ќе биде пуштена на повеќето радиостаници во Македонија“, вели Малинкова.

13729098_10154428412794446_8972577251734445261_n

За новата песна Малинкова се одлучи наместо спот да направи видео со неколку нејзини провокативни фотографии. Инаку за многу скоро време обожавателите на атрактивната пејачка ќе имаат можност да ја видат новата Наташа. Станува збор за провокативна фотосесија за која сме сигурни дека ќе предизвика воодушевување кај повеќето од вас.



Врати се горе ↑