Аудио

9 октомври, 2018

Наташа Малинкова има „Милион причини“ за среќа

„Милион причини“ е насловот на композицијата со која Наташа Малинкова се натпреваруваше на годинашното, 33. по ред издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ и за која ја освои долгопосакуваната награда за најдобра вокална интерпретација, наречена по еден од великаните на македонската музика – Драган Каранфиловски – Бојс. Оваа емотивна балада е дело на Блаже Темелков, чиј потпис стои на музиката и текстот, а аранжманот го направи Дарко Тасев.

Награда за најдобра вокална интерпретација Макфест 2018… мноогу време ја посакував…нема поубаво чувство… 🎼🎙🏆"…

Gepostet von Natasa Malinkova am Sonntag, 7. Oktober 2018

 

Милион причини“ доаѓа по заедничката летна „Еуфорија“ со Александра Јанева и баладата „Ако грев е што те сакам“, а како звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑