3 јули, 2017

Наташа Малинкова го претстави новиот сингл „Hey Мама“

После серијата одлични преработки на светски хитови, Наташа Малинкова денеска го претстави својот нов сингл насловен „Hey Mama“, кој стигна заедно со видео запис. Станува збор за потенцијален летен хит во ар-ен-би стил, чиј комплетен автор е нејзиниот долгогодишен соработник Столе Аврамов, кој воедно има компонирано голем број од песните на Наташа, а исто така настапува и како гитарист на нејзините настапи.

18447439_10155444386404446_7297951190973940023_n

Видеото, пак, е во реализација на добро познатиот режисер и продуцент Даниел Јовески, а заедно со Малинкова танцуваат и девојките од „Битрикс кру“.

„Песната е веќе подолго време готова, меѓутоа чекавме да се реши проблемот со забраната на емитување македонска музика. Станува збор за песна за која сум сигурна дека многу ќе ѝ се допадне на публиката. Нешто ново, брзо и поразлично од она што досега сум работела“, рече пејачката најавувајќи го новиот сингл во февруари годинава, а како звучи и изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

наташа м



Врати се горе ↑