Балкан

16 јули, 2019

Наташа Беквалац со провокативно видео за новиот сингл „Доџи мами“

Популарната српска пејачка Наташа Беквалац го претстави видеото за својот нов сингл насловен „Доџи мами“, авторско дело на композиторот Слободан Вељковиќ Цоби и текстописецот Драган Брајовиќ Браја. Песната наиде на мешани реакции од публиката, но особено внимание привлече провокативното видео во кое русокосата пејачка се појавува во неколку изданија.

„Со гордост ви ги претставувам песната и спотот за ’Доџи мами’. Бескрајно се забавувавме, лутавме, игравме, мојата музичка и екипа и јас додека ја создававме оваа песна и се надевам дека ќе ја почувствувате сета еуфорија и љубов што ги носи. Јас повторно ви ја давам цела љубов, радост, тага што ја носам во себе и не умеам поинаку освен преку музика… да живее слободата, да живее љубовта, да ми живеете и вие“, напиша Беквалац, а како изгледа и звучи сето тоа, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑