Балкан natasa

1 декември, 2012

Наташа Беквалац снима два спота

Српската пејачка Наташа Беквалац со полна пареа работи на новиот албум, кој наскоро и визуелно ќе го претстави на публиката. Пејачката веќе има снимено добар дел од албумот, а следната недела ќе сними и видео запис за првиот од двата најавни синглови кои ќе ги промовира до крајот на годината. Премиерата на овие две песни би требало да се случи на 19-ти декември.

Еден видео запис ќе биде реализиран до тогаш, додека вториот ќе се финализира до крајот на декември. Според тоа што го пишуваат српските медиуми, пријателите на Беквалац тврдат дека таа никогаш не се чувствувала посреќна и позадоволна со својот живот на сите полиња, како и тоа дека публиката ќе може тоа да го почувствува преку нејзините нови песни.

 

Извор: Tracara.com

 



Врати се горе ↑