20 јуни, 2013

Наташа Беквалац претстави нов видео запис

Наташа Беквалац вчера го претстави новиот видео запис за песната „Краљица нових љубави“, чија промоција се одржа на белградскиот сплав „Play“. Текстот на новата песна го потпишува Марина Туцаковиќ, а музиката и аранжманот се на Дамир Хајдановиќ. Видео записот за овој нов сингл, чиј извршен продуцент е самата Беквалац, се снимаше во Ибица, каде што пејачката се забавуваше со своите сестри и пријателки, а за нејзиниот изглед се погрижи сестра ѝ Кристина Беквалац. Како изгледаше нивната забава можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑