Аудио 946099_688310307879087_594917902_n

9 декември, 2013

Наташа Беквалац ја претстави новата песна

Популарната српска пејачка Наташа Беквалац деновиве ја претстави својата нова песна, а темата насловена „Болесно те волим“ беше премиерно изведена во емисијата „Твоето лице звучи познато“. Како автори на темата повторно се потпишуваат Дамир Хандановиќ (музика) и Марина Туцаковиќ (текст), кои со пејачката соработуваат за скоро целиот материјал кој ќе се најде на нејзиниот нов албум закажан за на пролет следната година. Новата песна ќе добие и свое видео издание во режија на Милош Надаждин, а премиерата е закажана за сабота, а како звучи „Болесно те волим“ можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑