Балкан 77480_natasa1_650x460

31 октомври, 2012

Наташа Беквалац е „Безгрешна“

Пејачката од соседството, Наташа Беквалац која изминатите неколку месеци не дала никакви изјави за медиумите, е при крај со подготовките за новиот албум кој е закажан за пролетта 2013 година.

Пред да ги израдува нејзините фанови со новиот албум, Наташа одлучила да го објави синглот „Безгрешна“ кој за неа го напиша Марина Туцаковиќ. Познатата авторка на текстови, за оваа песна рече дека се работи за приказната на секоја жена која љуби и има слободно срце, но не сака да биде врзана, а тоа е и приказната на Наташа која веднаш се препознала во зборовите.

Песната во која Беквалац ќе пее: „Љуби ме, за сите други сум погрешна, само за тебе сум вистинската, безгрешна…“ , ќе ја слушнеме наскоро.

 



Врати се горе ↑