24 мај, 2014

Наталија Славева со видео запис за „Стопи ме“

Sky Eye Entertainment го претстави најновиот видео запис на Наталија Славева за синглот „Стопи ме”. Ова е една од постарите песни на Наталија, но важи за една од најслушаните. Музиката и аранжманот се на Зоран Алексиќ, текст на Даниел Ванков и Зоран Алексиќ, гитарскиот дел во песната го одработи Ристе Шандаров. Спотот е сниман на неколку локации и истиот е во режија на Тодоровски Илија. За изработка на спотот е употребен вештачки дожд и интересни ефекти, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.

Се надеваме дека ова издание убаво ќе ја отвори пролетта на македонската музичка продукција и дека ќе ви се допадне. Наталија најавува и нови синглови во нејзин препознатлив стил.



Врати се горе ↑