Аудио

10 октомври, 2018

Наталија Славева се враќа со „Штом љубовта исчезне“

По пауза од пет години, Наталија Славева се врати на макфестовската, но и на музичката сцена со уште една прекрасна балада насловена „Штом љубовта исчезне“. Станува збор за авторско дело на композиторот Томислав Коцевски, текстописецот Огнен Неделковски и аранжерот Дејан Миленковски, а сето тоа го дополнија и танчерите Владанка Колева и Ангелче Смонтар, како и талентираната Марија Атанасова, која ја збогати композицијата со звуците на нејзиното виолончело.

Со огромно задоволство Ви ја претставувам мојата Макфестовска балада. MakfestГолема благодарност до Коцевски Томислав…

Gepostet von Natalija Slaveva am Montag, 8. Oktober 2018

Талентираната кавадарчанка во меѓувреме нè почести и со нејзина верзија на макфестовскиот хит „Свирете ја зајди, зајди, а се надеваме дека нема и овој пат да чекаме пет години за уште една нова песна. Како звучи „Штом љубовта исчезне“ од „Макфест 2018“ дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑