10 јули, 2017

Наталија Данаилова сака „Да се роди пак“

Наталија Данаилова станува сè поактивна на музичката сцена, па откако во април го промовираше видео синглот „Мислам“, деновиве ја претстави и својата најнова песна насловена „Да се родам пак“, која исто така стигна во пакет со видео приказна.

Талентираната богданчанка и овој пат ги здружи силите со верната соработничка Весна Малинова, која ги потпишува музиката и текстот, а аранжманот е на Ѓорѓи Вацев, кој се погрижи и за аудио и видео продукцијата. Како изгледа и звучи најновото од Наталија можете да видите и слушнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑