12 април, 2017

Наталија Данаилова ќе ви каже што мисли преку песна

По пауза од речиси две години, кога ја објави песната „Сè за тебе“, Наталија Данаилова се враќа со нов сингл и видео запис. Станува збор за темата насловена „Мислам“, чиј комплетен автор е веќе редовната соработничка на Наталија, Весна Малинова Бабамова, а аранжманот го направи Влатко Сапламаев, додека аудио и видео продукцијата се на Ѓорѓи Вацев и „Риуајнд продакшн“ (Rewind Production). Мастерингот е правен во „Кларион студио“, а за фризурата и шминката на Наталија при снимањето на видеото се погрижил стилистот Ѓорѓи Тренов.

Што мисли Наталија можете да дознаете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑