Македонија tamara

28 октомври, 2012

Настапот на Тамара најпрегледуван на Јутјуб

Според податоците на официјалниот канал на „Макфест“ на Јутјуб, од сите 18 композиции кои беа изведени на првата полуфинална вечер, настапот на Тамара со песната „Готово е“ е во убедливо водство со преку 7.400 прегледи. На второто место се најдe дебитантката, која ја знаеме од последната потрага по ѕвезда на „М2“, Сара Маркоска со околу 900, а на трето Александар Белов и Милица Мајсторовиќ со околу 650.

Конечната листа на учесници во големото финале сè уште не е целосна, а од првата полуфинална вечер според гласовите од публиката, од дебитантите пласман си обезбеди само Сара Маркоска со 293 гласови, а од популарните изведувачи: Александар Белов и Милица Мајсторовиќ со 233 гласови, Тамара Тодевска со 174 гласови, бендот „Пи ем“ со 151 глас, Сања Кочиќ со 124 гласови и Фани Христова заедно со Игор Митровиќ добија 121 глас.

 

 

 



Врати се горе ↑