Македонија 66016_444998512215164_1575083626_n

5 декември, 2012

Наскоро во продажба новиот албум на Фолтин

По пауза од речиси 5 години, битолската група Фолтин го најави новиот албум насловен „Антитело“ на кој ќе се најдат 6 нови нумери. Материјалот е снимен во студиото „Тра Ла Ла“, заедно со Мите Димовски, а како издавач се јавува МКЦ Скопје.  „Антитело“ ќе биде пуштен во продажба веќе од 7-ми декември, а наскоро ќе биде презентиран и со промотивен концерт во Скопје.

Промоцијата ќе се одржи на 6-ти декември, четврток во МКЦ, со почеток во 12 часот, кога ќе бидат соопштени деталите за концертот, како и за следните планови на бендот.



Врати се горе ↑