Македонија

2 јули, 2019

Наскоро нова песна од Татјана

Младата и надежна пејачка Татјана лани дебитираше на музичката сцена со одличниот летен хит „On My Mind“ и македонската верзија „Зошто“, отпеани во дует со колешката Марија Ивановска од „Ај кју“. Оваа песна од неодамна се најде и на музичката платформа „ајтјунс“, што воедно беше повод Татјана да го најави и својот нов сингл, кој можеме да го очекуваме овој месец, точно една година по првенчето „On My Mind“.

So exited to have my first #song on #iTunes! More platforms like #Spotify coming next week! New song coming in July too!

Gepostet von Tatjana_Official am Mittwoch, 26. Juni 2019

 

Родена на остров на Карибите, откако го пропатува светот, Татјана сега е во Македонија, каде што го живее својот живот со музика и уметност. Со првиот сингл, таа го комбинира своето карипско потекло со новите европски импресии“, пишува на официјалната веб-страна на младата пејачка, а додека го очекуваме вториот сингл, уживајте со македонската верзија на првенчето „Зошто“!



Врати се горе ↑