Македонија

24 јули, 2017

Наскоро нова песна и видео од „Тајфата“ и Димитар Андоновски

За „Тајфата“ и Димитар Андоновски нема пауза! Покрај набиената летна агенда, момците сепак наоѓаат време да ги почестат своите обожаватели со нова песна и видео. Станува збор за нивната втора авторска песна насловена „Остани“, а веста ја сподели Андоновски на својот профил на Фејсбук, каде што објави неколку фотографии од снимањето на спотот.

диме тајфа

И за оваа, втора по ред екранизација на Диме и „Тајфата“ се погрижи екипата на битолската продукција „Веста“, а судејќи од фотографиите можеме да заклучиме дека „Остани“ ќе биде летен хит. Додека ја очекуваме нејзината премиера, потсетете се на сè уште актуелниот сингл „Седум дена, седум ноќи“. Уживајте!

Фотографии: Златко Младеновиќ



Врати се горе ↑